02/10 2019.
Blogger Pick

There’s no retro like the OG

Толку сјајни и смели, бојата на оваа патика се изразува директно преку брановидниот модел, доволно за да го препознаете стилот на личноста која ја носи. Овие дечки навистина ја знаат својата работа! Јас сум El Nino и денес ќе ве однесам на дружба со моите нови Air Max 95 LV8.

Овој модел е еден вид на елегантно освежување за OG силуетата, прекриен со сиво – бели закрпи. Слоевитите делови од велур, кожа и мрежа ја менуваат текстурата на Air Max 95 LV8 од мазни и сјајни до меки и со органски животински принт. Исто така, може да забележите флексибилна, модерна мрежа, која и дозволува на вашата нога да дише. Малата промена на боите од една во друга се нарушува преку виолетовите петелки на патиката.  Тиркизната Air Max капсула се врзува со сличните бои и детали кои се поставени околу самата патика. Лесната пена, која е комбинирана со Flex Grooves и издржлива гума на надворешната страна, овозможува ѓонот да ви пружи удобност преку целиот ден.


Покрај се што е кажано и направено, новите Air Max 95 LV8 се експеримент за баланс помеѓу гласните и суптилните, и поради тоа сум горд што се дел од мојата колекција.

Ако сакате да ја надополните својата колекција со ваков пар патики, можете да ги најдете во продавницата на Buzz или online. Се надевам дека уживате во есента! За денес сме готови, ви поскаувам се најубаво, до следниот пат!

Honor before all!

El Nino

остави коментар

слично

04.
Dec.
2019.
Blogger Pick
Здраво дечки, Во последно време патувам многу често, посетив одлични места и имав шанса да запознаам извонредни луѓе. Во некоја друга прилика ќе ви кажам по...
20.
Nov.
2019.
Blogger Pick
Момци и девојки, доаѓаат! Ох, веќе можам да го почувствувам студениот ветер како го презема нашиот прекрасен град. Нема шанси да дозволам да ме забави. Решен...
06.
Nov.
2019.
Blogger Pick
Здраво екипа! Жешките денови полека поминаа, но не и жешките модели на патики! 
string(0) ""
string(0) ""