на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
04.09.2019.

BE THE HYPEBEAST IN NEW AIR MAX 200

Луѓето кои ме познаваат добро се запознаени со еден факт - Јас сум Air Max девојка, во секоја смисла! Јас носам Air Max патики секој ден и не можам да замислам ден без нив. Имам многу од нив во мојата колекција (дури и не сум сигурна за нивниот бројот), но сега тој е комплетен со уште еден дизајн – Nike Air Max 200.

Hypebeast е вистинското имае за Air Max 200, патика која е несекојдневна и кога ја носите ве тера да посегнете по гардеробата од ’90-тите.

Дозволете ми да ви кажам - не е случајно! Дизајнот е инспириран од логото на Летните олимписки игри во Барселона во 1992 година. Се разбира, од тогаш се случија многу промени во бојата, но Nike остана верен на неговиот дизајн. На ист начин, Олимпијадата вклучува бројни спортски дисциплини, a Air Max 200 се повеќенаменски. Тие се моја инспирација за хип хоп и навивањето, а можеби и вие ќе бидете инспирирани да направите нешто што порано не сте го направиле. Јас сигурно не очекував да се качам на покрив, но кога ми рекоа дека изгледам како една од моите омилени познати личности, ништо не можеше да ме спречи.

Она што е прекрасно за моделот Nike Air Max 200 е фактот дека има црна и бела боја како основа и неколку други бои кои ви овозможуваат лесно да ги комбинирате со облеката. Ве предупредувам дека ќе ве привлече кон возбудата од 90-тите години на минатиот век - не ги нареков hyperbeast без причина.

 

Ќе ве оставам да уживате во удобноста на овие патики, и поздрав до следното видување!

 

Photo: Žarko Radojčić & Petar Nikolić

 

Marina

слично