на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
07.08.2019.

I got that Rasta vibe

Здраво љубители на sneaker културата! Дојде тоа време од годината кога владee позитивнa енергија, кога сонцето сјае зад секој агол од градот. Време на мир, време за прославување, кога сите икони владеат со сцената и споделуваат љубов. Зборувајќи за икони, на 19 Јули Nike ја реализираше новата силуета - Air Max 200 и секако својот пар го побарав веднаш штом пристигна веста до мене.

Патиката е комбинација од карактеристики на иновативните и барани модели како Air Max 270 и Air Max 720, меѓутоа го достигнува оној футуристички и модерен lifestyle. Nike овој пат направи целосно надополнување на дизајнот кој ја следи силуетата на ергономски начин. Техниката на бојата и текстурата ја надополнуваат слоевитоста на дизајнот, додавајќи острина и длабочина на истиот.  Паметна и иновативна употреба на материјалите придонесува многу за структурата и цврстината на Air Max 200. Зголемена е флексибилноста и правилна размена на воздухот преку мрежестиот дел каде што се витка патиката, крутоста на единечни или двојни кожни ленти околу системот за врзување, мек велур кој додава надворешен слој на стабилност, капа од тврда кожа на предниот  и на задниот дел од патиката го држи стапалото во стабилна позиција.

Пенастиот ѓон обединува голема воздушна единица и е совршено вклопен со надворешен слој на тврда гума. Тоа е се во суштина што би очекувале во поглед на технологијата, од титан како Nike, се совршено соединето со живописна колор шема.

Nike Air Max 200 го има сето мое внимание во наредните денови, токму како мало дете кога ќе добие играчка. Се радувам што моите пријатели од BUZZ Sneaker Station ми ги претставија патиките и Ви препорачувам и вам да ги побарате во продавницата на Buzz како и на веб страната.

Се надевам дека уживавте во мојата нова блог приказна за оваа недела, останете свои!

Jah bless my Rastafarians!

El Nino
 

слично