01/08 2019.
Blogger Pick

On Wednesdays we wear Fire Rose

Здраво дечки J Дали ви недостасував? После некое време повторно сум тука! Овој пат ви ги претставувам патиките кои моментално ми се фаворит за ова лето – Puma Thunder.
Зашто овие патики ми се омилени и зашто баш оваа боја?

Лето е, што значи дека е сезона на фестивали и долги ноќи, забави и многу други активности, па затоа Puma Thunder се совршениот избор за да го надополните својот изглед за време на сончевите денови. Комбинацијата на модели и бојата – Fire Rose, се вклопува со духот на летото и е целосен хит.  Уште еден плус, поради кој овие патики се „must have’’ е самата удобност која ја нудат и лесниот начин на движење во нив, што е многу важно покрај самиот одличен изглед на моделот, бидејќи со удобни патики може и полесно да лудувате, да играте и да се забавувате.


Формата на овој модел го олеснува облекувањето и соблекувањето на истиот, што е одлично кога немате време и брзате. Во ова модерно време сите брзаме некаде, нели? Во ова ни помага нивниот неконвенциален облик и начинот на кој се врзуваат нивните врвки.


Puma Thunder патиките се составени од комбинација на материјали – кожа и антилоп, додека пак ѓонот кој има дебелина од околу 5cm е направен од гума. Поради ваквата комбинација на материјалите, овие патики се лесни за носење, дури и да ве изненадат лошите временски услови. На задниот дел на патиката се наоѓа Puma логото, кое дава моќност и елеганција на овој авангарден модел па поради тоа можете да го носите во различни ситуации и со различни комбинации.

Сега може да видите зашто овие патики се мојот омилен модел за оваа сезона.

До следното читање.
 

Xo,

Ина

остави коментар

Trenutno nema komentara

слично

08.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Ах тоа лето. Човекот едноставно оживува повторно кога ќе се случи овој период од годината. По мрачните и депресивни денови, пристигна омилената сезона. Некак...
01.
Jul.
2020.
Blogger Pick
Здраво на сите! Ми недостасувавте! Многу сум возбудена што со вас ќе ја споделам оваа фотосесија со најкул папучите оваа сезона. Иако сум најголемиот љубител...
23.
Jun.
2020.
Blogger Pick
Здраво, момчиња и девојчиња! Неодамна добиената слобода сега има поинаков вкус, нели? Деновиве чувствувам како уживам во сите мали и неинтересни работи што п...
string(0) ""
string(0) ""