New balance 997 e класика со која нема да погрешите, a класиките како 997 ретко се враќаат во продавниците, па поради тоа сум навистина среќен што оваа сезона моделот 997H e вратен назад. Како еден од најстарите креатори на патики во светот да решил дека е време 997 да се стават во временска машина, да се изменат со нови материјали, дизајн, линии и бои и да се вратат назад достапни за сите.

Ова не е класичен 997 модел, што значи дека неговата цел не е рушење на рекордот во трчање наоколу низ градот. Секако, сега е лето па кој би сакал да трча кога во лето можете да пливате или да се релаксирате и уживате покрај плажа. Можете дури и да танцувате. За сето тоа тука се 997H  - патики за art lifestyle, удобни, лесни и за мене најдраг летен избор за чекорење по  жешките улици на градот.

Може да ги најдете во црна и бела комбинација, но бидејќи сме лето треба да ги израдувате важите стапала со светли бои кои не изостануваат оваа сезона од линијата на New Balance. Кога влегов во Buzz мојот поглед веднаш ги забележа патиките. Ги земав патиките во рака, забележав колку се лесни и воздушни, и одлуката беше донесена. Знаев дека ги имам совршените патики за ова лето. Без разлика дали се шетам во градот или покрај брегот, моите 997H се секогаш со мене.

Keep the summer buzz on,

Don Kiki