29/05 2019.
Blogger Pick

Nike Air force 1 – From Day to Night

Хej sneaker манијаци, јас сум DJ Doncho и ова е мојот прв блог за BUZZ. Веќе некое време сум дел од BUZZ тимот и време е да ви се претставам и да кажам нешто за моите омилени патики, а тоа се Air Force 1.

Почетокот на мојата биографија малку потсетува на клише - јас сум вљубен во музиката од детството. Навистина сум се "затрескал" од кога бев дете и за прв пат бев во клубот Јалта и го видов DJ Radi. Тој  работеше на миксета, правише чуда со плочите. Толку бев фасциниран што 20 минути размислував што сакам да бидам кога ќе пораснам. Дваесетина години подоцна, мојот живот е токму онака како што јас го замислував тогаш. Преку ден ќе направам многу работи, а навеќер сум сум диџеј, бидејќи јас сум еден од луѓето кои никогаш не мируваат.

Тоа беше период кога се вљубив во Nike. Го сакам спортот и удобните патики отсекогаш ми биле на радарот. За жал, кога бев дете, изборот не беше толку многу голем, и не можевте да влезете во продавницата и да го купите она што го сакате. Денес, кога сè е многу подостапно, во моментот кога го видов новиот Air Force 1, знаев дека морам да ги земам за себе.

За време на тинејџерските денови почнав да ја следам кошарката, а со текот на времето исто така обрнувам внимание на она што го носат играчите. Имаше многу модели, но сите тие имаа една заедничка карактеристика - сите беа неверојатни. Во тоа време немав многу патики, па сега си компензирам за пропуштеното! Се сеќавам дека ги украдов парите на моите родители за да го купам првиот пар на Nike патики. Многу години подоцна, број на патики е голем - во моментот имам повеќе од 50.

Друг факт што не е променет е тоа што новите модели на Nike не престануваат да ме воодушевуваат - боите се невидени, а патиките се удобни и секогаш различни. Нема ништо што не ми се допаѓа на Air Force 1. Тие се совршени за летната сезона и мислам дека ќе се вклопат совршено со другите модели што ги имам.

Ми се допаѓаат деталите на превртената кожа која совршено го одразува духот на Nike. Најважно е што тие се неверојатно удобни. Иако јас не ја планирам облеката која ја носам за работа, патиките се најважниот дел - тие се црешата на врвот! И во наредните месеци, оваа цреша ќе биде Nike Air Force 1.

Тие се мојот начин да се изразам без зборови – низ стилот и музиката која ја пуштам. Мојата гардероба секогаш е живописна и малку луда. Но јас сум луд малку, на овој или оној начин. Да се биде диџеј не е само музика, тоа е начинот на кој се претставуваш, а Air Force 1 се мојот верен соработник.

Покрај овие кои ми се омилени, поседувам уште неколку пара Air Force патики. Еден од нив се правени по моја желба. Нив специјално за мене ги направи BUZZ Sneaker Station, што е прекрасно затоа што навистина се чувствувам единствено.

Уживајте во добрата музика, бидете „cool“ и секогаш носите удобни патики!

DJ Doncho

остави коментар

слично

16.
Aug.
2019.
Blogger Pick
Поздрав екипа, еве е - DJ Akasha. Јас сум DJ и организатор на раѕлични хип хоп настани на Rock On Jamz платформата. Пред некоја седмица станав...
07.
Aug.
2019.
Blogger Pick
Здраво љубители на sneaker културата! Дојде тоа време од годината кога владee позитивнa енергија, кога сонцето сјае зад секој агол од градот. Време на мир, в...
01.
Aug.
2019.
Blogger Pick
Здраво дечки J Дали ви недостасував? После некое време повторно сум тука! Овој пат ви ги претставувам патиките кои моментално ми се фаворит за ова лето &ndas...
string(0) ""
string(0) ""