на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
08.05.2019.

PASSION OBSESSION – NIKE AM 97

Здраво на сите јас сум Vekac, новиот член на Buzz екипата. Јас сум пејач и рапер од Бања Лука, покрај тоа се занимавам и со продукција и свирам 3 инстументи. Се занимавам со музика целиот свој живот, и музиката едноставно е мојот начин на живот.

Покрај музиката, отсекогаш постоеше и љубов кон патиките, посебно Nike.

Денес зборуваме за новиот модел NIKE AIR MAX 97 LX. Поради нивната единственост, веднаш посакав да ги имам, тоа беше љубов на прв поглед.

Револуционарната Air-Sole единица е претставена на светската sneaker заедницата во 1978 година. Nike Air Max 1 дебитираше во 1987 со видлив воздух, дозволувајќи им на своите обожаватели да имаат повеќе од чувство на удобност со Air-Sole- кој одеднаш можеа да го видат.

Две години откако Nike Air Max 95 донесе видлив воздух во предниот дел на стапалото, Nike Air Max 97 пристигна со својата прва единица во полна должина.  Патиката направи огромен пробив во светот на трчањето, токму како што превидуваа нејзините дизајнери – патиката имаше линии слични на бранови. Брановите сеуште траат и после две децении.  Секогаш кога одам во Buzz продавницата и земам пар од 97, се прашувам себеси "но зошто?". Дури и доколку немаше толку многу приказни за патиките, едноставно сум привлечен од нив. Комбинацијата на бои, брановиден дизајн, рефлектирачка лента итн. Вие не мора да ги сакате, важно е дека јас ги сакам.

 Nike Air Max 97 LX има класичен дизајн на бранови кои имаат прекрасни кривини и шарено Max Air перниче. Тие ви обезбедуваат боја и стил што траат. Тие имаат невообичаена сина боја, која доколку се погледне од другиот агол е виолетова. Иако се впечатливи, тие не се проблем ако сакате да комбинирате различни облеки со нив. Бидејќи тие имаат синтетичка кожа, тие се исклучително издржливи и лесно се чистат, што ги прави одличен избор во сите временски услови. Гумениот ѓон обезбедува високо ниво на издржливост и удобност. Кога станува збор за удобност, таа е на прво место, и тоа е уште една причина зошто овој модел е рај за секоја нога, поради неговата Max Air единица која дава мазна амортизација. Носејќи го овој прекрасен модел, не можев да не ги забележам честите погледи на минувачите. Со својата уникатна боја едноставно не остава никого рамнодушен.

Како и досега Nike ни за овој модел не ме разочара, напротив воодушевен сум од комбинацијата на удобност и естетика. Го обожувам секој сантим од овој модел што јасно може да се види на сликите. Без оглед дали сте тргнале на прошетка или ноќно излегување, и не сте сигурни со што да комбинирате ве уверувам дека Nike Air Max 97 LX е храбар избор и дека со него ќе се издвоите од масата. Веувајте на уметниците кои фановите ги сметаат за пример, тие секогаш мораат да се издвојат, да бидат поразлични и два пати да размислат за овие работи. А Nike премногу го олесни тоа. Браво!

Peace out.

Vekac

слично