Здраво fashion зависници, одамна се немаме слушнато!

Не заборавив да пишам, меѓутоа изгледа кога по 30ти пат замислуваш желба на роденденска торта, таа воглавно се однесува за слободното време на дневно, неделно или месечно ниво. А во овој распоред на слободно време прстите малку потешко го пронаоѓаат патот до тастатурата.

Овој пат сепак морав да застанам и да здивнам, да земам воздух.  А кога велам воздух мислам на Air Max! Air Max 1 Premium повторно се во градот и тоа во мојата омилена нијанса на зелена боја. Боја која очајнички му е потребна на Белград во овие тмурни денови.

Првиот блог за Buzz Sneaker Station го напишав во сега веќе далечната 2016, а првата патика во Buzz токму за таа пригода беше Air Max 1 Premium.

Првиот Air Max беше излезен одамна пред тоа, всушност 30 години пред тоа, со идејата на Tinker Hatfield за внатрешниот дизајн да биде видлив и од надворешната страна, додека целата патика е по примерок на "Pompidou Centre " во Париз. Необичната идеја на Nike да вработи архитект како дизајнер и не ме чуди, со оглед на тоа што за функционалноста на воздушниот ѓон беше задолжен Marion Frank, инженер во астро наука.

Моделот Air Max 1 Premium е толку многу fresh со оваа четинарска боја скоро и мириса на Pino Silvestre.

Нивната удобност ми е позната и од порано, а сончев ден во сред февруари беше идеален за да ги облечам. Господин Арчибалд, несебично ми помогна во тоа.

Воедно, кога веќе спомнувам новитети, еве еден настан да најавам. Еден од најголемите регионални хип хоп фестивали "2Ho4Stage Fest" и оваа година ќе се одржува во Белград. Со поддршка на Buzz Sneaker Station ќе уживаме на тридневната разнолика програма сместена во урбаното место - Dorćol Platz. Покрај реномираните уметници како Френки, Индиго, Контре, Кенди, Група Bad Copy и Сизип, фестивалот ќе угости и многу светски познати танчери, графити уметници, Диџеи, а не очекува и содржина како sneakerhead собирање за изложување на вредни, колекционерски модели на патики, потоа Clean Up corner патики, продажен базар, gaming corner, barber и tattoo showcase, цртачки и танцувачки работилници и многу други занимливости!

Картите за фестивалот веќе се во голема претпродажба, така да сите вљубеници во урбана, улична култура – се гледаме од 22. до 24 февруари во Белград! J

 

Lex