Поздрав луѓе! Јас сум Џив и мислам дека дојде вистинското време да се запознаеме подобро. Доколку немавте прилика да го прочитате текстот за мене и да дознаете со што се занимавам, мислам дека уште подобро ќе ме запознаете преку приказната за еден од моите омилени брендови и моментално мој омилен зимски модел на патики – adidas Originals Superstar Boot.

За луѓето кои не ја знаат историјата на овој бренд корисна информација може да биде дека е настанат од страна на Adi Dassler и неговиот брат Rudi кои што се занимавале со изработка на патики многу години пред да го створат брендот Adidas, во 1948 година. На тој пат поминувале низ различни фази, а она што ме фасцинира и ден денес е фактот дека никогаш не се плашеле да експериментираат.

Иако звучи чудно, adidas и јас отсекогаш имавме посебна конекција. Се сеќавам дека моите први патики беа adidas и оттогаш ја негувам приврзаноста кон овој бренд. Како што растев ме воодушевуваше начинот на кој со децении наназад adidas успева да спои добар дизајн и функционалност.

Токму тоа ме привлече и кај adidas Originals Superstar Boot патиките. Доволно се длабоки за да можам да ги носам и преку зима, додека сивата боја совршено се вклопува со секоја дневна комбинација. Затоа овој пат се одлучив да ги искомбинирам со жолта капа и тексас јакна, за да го надополнат доволно аутфитот кој го имам на себе.

Покрај тоа што изгледаат прекрасно, adidas Originals Superstar Boot направени се од материјал кој е лесен за одржување, дури и на дождливо време, а тоа им дава предност на овие патики. Како фотограф, постојано морам да бидам во акција и да посетувам различни локации, па затоа сакам патики на кои секогаш ќе можам да се ослонам, во вистинска смисла на зборот.

Долго мислев дека секогаш ние ги бираме патиките, меѓутоа понекогаш, сосема ненадејно, вистинските патики го наоѓаат патот до нас. Adidas Originals Superstar Boot се едните од нив, а вам топло ви препорачувам да го посетите Buzz Sneaker Station и да ги набавите, бидејќи во нив секогаш ќе бидете Superstar.

 

Џив