Здраво, јас сум Јане најновиот член на BUZZ Crew.

Не дозволувајте мојот изглед да ве прелаже, бидејќи јас не сум стандарден дечко како што гледате секојдневно на вашите Инстаграм профили J Работам како сметководител, па затоа моите фотографии и мојот стил се тука за да направат баланс. Ова е мојата прва BUZZ блог приказна од многуте што следат. Па затоа ајде да преминеме на единствената работа која е важна: патиките.

Најтешката работа за секој sneakerhead е кога треба да ги замени омилените патики во зимскиот период со некои други обувки. Многу зимски патики не оставаат впечаток како летните и есенските модели. Па затоа мојата мисија овој месец беше да ја најдам вистинската зимска патика.

Sneakerheads соберете се заедно! Ја најдов патиката која ќе го одржи вашето стапало суво и овозможува потребен комфор, а воедно и ќе го нагласи вашиот стил. ви ја претставувам Nike Air Max 90 Ultra Mid Winter.

Nike Air Max 90 Ultra Mid Winter има зимско надоградување: додаток како чорапа околу глуждот, со гумирана надворешна обвивка и пријатна внатрешна постава. За да биде уште повпечатлива тука се розовите детали наспроти црно - сивата основа.

Замислете ја патиката во снежен пејзаж – УЛТРА впечатливи нели!?!

Winter is coming… а ние одиме УЛТРА со патиката Nike Air Max 90 Ultra Mid Winter .

Stay awesome,

Јане