Кога и да го посетам BUZZ со +1 и ќе погледнам некој модел на 97-ки, го добивам прашањето: „Зошто?“. Иако нема многу приказни зад нив, тие едноставно ме привлекуваат. Тoj Air Max ѓон, брановиден дизајн, комбинациите на бои кои почесто се hit отколку miss…

И сфаќам зошто некои луѓе не ги сакаат, но најдобрите нешта најчесто создаваат спротивставени мислења. Кога сите те сакаат, нешто правиш погрешно. Сите ние може да сакаме само нешто што е прилагодено за вкусот на повеќето. Не мора да ги сакате, тоа што е важно е дека јас ги сакам.

Air Max 97 во моментот се една од најпопуларните силуети, и јас се смеам од уво до уво што Nike новите модели ги дизајнира врз основа на ретро комбинациите бидејќи јас сум дете на 90-тите, и сега конечно ќе можам да ги отворам тие портокалови Nike кутии со моделите кои никогаш не сум ги имал.

Дојде и тој момент во историјата. Air Max 97 се полнолетни низ целиот свет. 21 година на сцената. Кога беа лансирани во 1997-ма, предизвикаа реакции низ целата земјина топка (или рамнината, зависи на која страна сте). Имаше позитивни и негативни реакции, но никој не остана рамнодушен. Јапонија и Европа полудеа по нив, посебно Италија.

Michael Jordan ги прослави Air Jordans, но во 90-тите имаше друг Michael кој ги рушеше сите рекорди. Michael Johnson гордо ги носеше 97-ки, а всушност нема подобра приказна за патиката од таа што е поврзана со самата DNA, а тоа е спортот.

Брановидниот дизајн е сѐ. Поради OG моделот Silver Bullet, приказната беше дека дизајнот на 97-ките е инспириран од супер брзите возови во Јапонија, но вистината лежи во велосипедите и концентричните кругови т.е. концентричните кругови кои ги прави капката кога ќе падне на водена површина. Ако ова не е доволно за да се достигне благостостојба преку физичка активност тогаш не знам што друго би можело да биде.

Ќе ви кажам што сакам... Кога ќе ги облечам, опкружете ме со 4 девојки и нарекувајте ме Sporty Spice.  Најчесто само ги навлекувам, не ги стегам премногу, иако ова се првите патики со скриен систем на врзување. Нема дупки на горната страна, сѐ е зад „оклопот“. Полесен живот за мене и целосен изглед. Unibody.

Рефлектирачката 3M лента е тука ако навистина трчате со нив во темница, каде што видливоста е приоритет, но преку ден не грижете се, со овој модел на вашите нозе сите ќе ве забележат.

Yours, Franjo.