на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
12.09.2018.

Suede platform bling or ''The IT Shoe'' for Autumn

Сакам нови почетоци. Први чекори, отпочнување на приказни, секој почеток се посебен само по себе и почетокот на мојата соработка со Buzz sneaker station како член на Buzz Crew е значаен момент во овогодинешните случувања. Годината може да заврши.

Кога му давате на обажавател на патики да коментира за патики може да потрае, но за денеска ќе кажам само неколку работи за моите очекувања од совршената патика и кои се тие?

Btw, јас сум Iva или @unicorndomination6

Долго време бев во потрага по патика која е дизајнирана за женското стапало, инспирирана од grunge движењето на 90-тите, да биде нежна и квалитетно дизајнирана, но сепак бунтовна... И тогаш, во септември 2014. Ја гледаме Rihanna како носи специјално изработени creepers platform. Следниот ден носи уште еден специјално изработен модел со дебел ѓон дизајниран од Mr. Completely. И така creepers platform патиките се вратија во светот на модата и јас ја најдов мојата совршена патика. Женската ‘’Suede platform bling’’ патика е дизајнирана под влијанието на grunge од 90-тите, но вистинскиот статус на ‘’the it shoe’’ го заработи во претходните неколку сезони благодарение на Puma, кои лансираат нов модел од оваа патика секоја сезона.

Овој модел има горен дел од превртена кожа и и бисерни детали кои се добра замена за класичните отвори за врвки, и даваат елегантен и одважен изглед. Со овие луксузни детали и издржливоста овие патики се совршена комбинација на grunge и chic. Совршено го опишуваат мојот стил во моментот – бунтовен, но сепак трендовски и опуштен.

Секако дека ќе ги носам на венчавката на пријател, која се ближи, бидејќи нема подобро чувство од тоа да се симнеш од штикли и и облечеш удобни патики после часови танцување. И Puma Suede Platform Bling се совршени за тоа.

Chic, гламурозни, опуштени, тренди и must have парче за оваа есен!

C ya soon squad,

Yours Unicorn Domination.

слично