на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
05.09.2018.

Breathin’

“Just keep breathin' and breathin' and breathin' and breathin'…”

Здраво друштво! Иако летото е сеуште тука, есента полека чука на врата. Отворам Facebook и како по обичај влегувам во Memories, а таму статус ; 7 years ago  – “1. септември, конечно тој ден ништо не значи”.  Толку долго време помина од тие средношколски денови, кога како и многу други чекав прв училишен ден за да ги прошетам новите патики. Еве 7 години подоцна, не шетам по школските ходници, но ги шетам градските улици.

Reebok Classic, old school легендата – Rapide претставува модерна класика, создадена за креативци кои сами го бираат својот пат.

Препознатливото лого во интересна комбинација на бои го негува богатото наследство на брендот Reebok, додека посебно дизајнираниот ѓон со EVA пена им дава неодолив old school шарм на патиките. Горниот дел е дополнително зацврстен, па структурата на Rapide моделот е уште поубава, додека лесната мрежа гарантира флексибилност и аеродинамика.

Rapide е колекција која дефинитивно ги брише границите помеѓу наследството на брендот Reebok и вонвременскиот стил. Таа претставува вистински омаж на деценијата која ги помести сите граници кога модата е во прашање, и со право се смета за една од најпреознатливите претставници на културата од деведестетите.

Затоа друштво, ако се одлучите за нов пар патики со урбан изглед и многу удобно чувство под стапалата, тогаш Reebok Rapide е вистинската патика за вас.

Just keep breathin’….

До следниот пат...

@ponocnijahac

P.S. Погледнете ја новата Reebok Rapide игра на линкот!

слично