на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
31.01.2018.

Вештината е во тебе

Nije me bilo neko vreme, ali imam prilično jake argumente, nemojte zameriti. Ме немаше некое време, но за тоа имам доста силни аргументи.

Покрај проглемите со грбот со кои мака мачам во последно време, дефакто е дека запрев и заради една работа многу поголема од мене.

Сигурно сте слушнале за 2Hot4Stage фестивалот – најголемото случување во Србија од хип хоп карактер. Вистински хип хоп, да се исправам. Оној, со графити, играње, битки, MC-иа, beatbox, забави со врвни хип хоп DJ-и... Фестивалот се оддржува од 23. до 25. февруари, четири пати по ред, а бидејќи минатата година го посетија повеќе од 2.000 посетители, пред организаторите е опасна задача. Лошата вест е што јас сум организаторот, па како стојат работите нема д аимам многу слободно време дас дишам пред почетокот на март. Но, не се жалам. Самиот lineup на изведувачи како Marčela, Kendija, Struku, Iskaz, Timbeta, DJ Moooku, Me High Low, ми говори дека сме на добар пат.

Да не ги спомнувам пропратните програми, активации, бројните работилници, предавачи и судии на натпреварите од сите делови на светот... Имаме гости од Русија, Франција, Украина, Холандија, Унгарија, а да не зборам за регионот, претставници од Скопје до Загреб ќе заблескаат во Белград.

Уште еднаш, како и секоја година Buzz Sneaker Station е дел од приказната да го поддржи ентузијазмот.

Фестивалот го носи слоганот „Вештината е во тебе“, кој го отсликува далечниот исток и е единственото дешавање за кое тврдам дека не смее да се пропушти!

Иако е проблем да се земе воздух и време да се искуца некој збор, да се седне во кола и да се изберат патики за низ град, спаѓаат во исклучоците.

Патиките кои еднаш ќе ми се допаднат, се патиките на кои секогаш се враќам, а Cortez е еден од нив. Во недостиг на одмор, за да го надокнадам изгубеното со себе ја земав и девојка ми, па покрај убавите патики же има уште нешто убаво на сликите.

Претходниот пат кога пишував за Cortez, спомнав дека ми се допадна од моментот кога го видов на нозете на светскиот шампион во пинг понг, сопственикот на медалата на честа и богаташ кој се збогатил ловејќи шкампи... Се работи за Forest Gump се разбира.

Откако го пробав својот прв пар Cortez пред неколку месеци, ечекувано -  не требаше да помине многу време додека да го земам другиот пар во различна боја.

Не сакам да се повторувам со фактот колку се удобни. Патиките се направени за трчање, а и самиот Forest во нив трчал три години, два месеци, четиринаесет дена и шеснаесет часа. Ако тоа не е компетентен критериум доволен за проценка на удобноста, тогаш не знам што е. Не, навистина, доволно е да ги земете во рака.

Што се однесува на дизјанот и бојата овој пат избрав црвена, бидејќи мојот OCD ми говори сека накако баш таа боја би се вклопила во споменатиот концепт на далечниот исток.

#vestinajeutebi #2Hot4StageFEST2018

Lex

слично