на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Blogger Pick
17.01.2018.

Нов почеток со Stan Smith патики

Го сакам јануарскиот шопинг. Посебно на викендот. Мојата пријателка Луна и јас сме луди по патики и знаеме со часови да пробуваме нови модели и осмислуваме нови модни креации. Луна моментално се подготвува за патување во Париз и сакаше да купи нови патики. После 1 час, пробување и лудување низ продавници, се одлучи за новиот Stan Smith Bold. Фантастични се!!!

„Овие нови патики се за нови почетоци“, рече Луна и театрално замина кон касата. Новите спортски патики навистина одаваат одлучност, па затоа и такви луѓе ги бираат. И додека ја чекам да плати, размислувам за неа, нејзината одлучност и волјата да живее со полни гради. Баш како што и самиот Stan Smith бил одлучен и го следел своето срце.

Со Stan Smith bold кои имаат платформа ми даваат можност да го видам светот од малку поголема висина. Ги има во две бои: кремава и розова. Јас се одлучив за розовите за да се истакнам малку во ова тмурно време. Толку се удобни што во нив би можела да го обиколам светот и да бидам истражувач. И се восхитувам на Луна. Бидејќи е толку храбра да живее како што таа мисли дека треба. И да биде среќна. Луѓето во главно живеат туѓи животи. Престануваат да се слушаат себе си. Тишина. Ништо не се слуша. Само гласот на околината кој кажува каде и како понатаму. Разгазените патишта се пред нас, а можеби не ни се допаѓаат, без оглед колку привлечно им изгледата на другите? Но, стине ние сме единки за себе. Не постојат двње исти личности. Ниту единствена формула за среќа. Само онаа гласче во нас знае што и кој ни е потребен. Кај повеќето од нас тоа гласче се има изгубено низ годините и тогаш кога најмногу ни е потребно повеќе не го слушаме. Веќе сме навикнати на гласот на околината, она што го слушаме. Затоа има толку несреќни луѓе околу нас. Но како и да е, Stan Smith bold ви носи барем малку среќа во животот.

И додека размислувам за тоа, сфатив дека и јас понекогаш го гушам своето глаче. Цврсто одличив дека во иднина сакам да го слушам. И јасно да го чујам. И тогаш станувам и ги исбирам овие истите. Stan Smith, но во розова боја и тргнувам кон касата да ги купам. „Ги сакам. Толку се фантастични што морам да ги имам. Некако навистина одишуваат со некој нов почеток, нови спомени, кои сакаме да ги оствариме -“ го слушам гласно своето гласче“  smiley

Minea

слично