на територијата на МК за сите нарачки во вредност над 2990 ДЕН.

работни денови од 9 до 17 часот и во сабота од 9 до 16 часот

Arrivals
17.08.2016.

NIKE AIR MAX PLUS TN

Nike Air Max PLUS TN Triple Black е модел кој се повторува неколку сезони наназад, досега резервиран само за одредени светски продавници, а од сега е дел и од нашата понуда. Моделот е многу популарен во Европa, а посебно во Франција и Англија каде што бараноста е многу поголема во споредба со Американскиот пазар.

Патиките за трчање произведени за прв пат во 1988 година, сега ги обедини Air Max и SkySole системите во нова TUNED AIR технологија, прв пат применета на овој модел. Во горниот дел е употребена технологијата Thermoplastic Vinyl Resin (TPVR) exoskeletal со мрежест синтетички материјал, засилен со кожа од страна и во делот на петите. На петата се наоѓа TN лого кое стана заштитен знак и општо прифатен надимак на овој модел. Nike Air Max PLUS TN Triple Black е модел кој се повторува неколку сезони наназад, досега резервиран само за одредени светски продавници, а од сега е дел и од нашата понуда. Моделот е многу популарен во Европ,а посебно во Франција и Англија каде што бараноста е многу поголема во споредба со Американскиот пазар.


Технологија на предниот дел на ѓонот потекнува од добро познатиот Air Mаx систем, кој во овој облик за прв пат се појавил на моделот Air 95 пред три години. Во централниот дел за новата генерација Torsion Plate системот одржува рамнотежа и им овозможува независно свиткување и протегнување во средината.



Sky Sole елементи кои го прават Tuned Air се федери изработени од различни типови на гума распоредени во Air Max коморите, нивната функција е да се обезбеди брзо распоредување на енергијата во моментот на трчање и го ублажува ударот во прилика на скокање и секако го намалува отпорот на зглобовите. Системот во петите се состои од три комори од кои внатрешната е најголема, и е поврзана со отвори на спротивната комора, која со минимално отворање е поврзана со комората сместена во задниот дел на петата. На овој начин притисокот во комората се распоредува подеднакво за време на газењето и овозможува правилна пронација во текот на активностите.


Овој модел изработен со врвна технологија,  доживеа огромен успех во street културата со што го носи епитетот BAD BOY во Air Маx фамилијата. Air Max моделите постанаа заштитен знак за момците или „tagged as a sneaker worn by people who are either up to no good or about to be“, TN постана предводник на таа категорија иако на дизајнерите на овој модел не им била таква намерата. Во sneaker културата постои посебен вид на луѓе кои носат и се колекционери на TN.

На радост на голем дел од популацијата, од сега TN моделите може да се на најдат и во нашите продавници и ќе се потрудиме да бидат дел од нашата постојана понуда во сите сезони.

слично

11.
Mar.
2019.
Arrivals
Биди уникатен како неонот и новата Champion collection која е достапна во Buzz shop во Скопје Сити мол како и online.
13.
Feb.
2019.
Arrivals
Оваа година дизајнерите на New Balance те покануваат да бидете она што сте, без разлика што носите.
03.
Sep.
2018.
Arrivals
Reebok Classic, за претстојната сезона, враќа уште една легенда од старата школа – моделот Rapide. Дизајниран во ерата на големите ѓонови, просторниот ...